Квалитетниот асортиман на Ангротекс опфаќа секаков вид на трикотажни текстилни производи за сите возрасти, вклучувајќи: детска, женска и машка долна облека, пижами, спортска облека, хулахопки и чорапи, производи за бања и друг вид на текстилни производи.

Ангротекс е ексклузивен застапник во Р. Македонија на брендовите: Komet и Svilanit од Словенија, Pounje, Galeb, Jadran и Pletix од Хрватска, Alma Ras од Босна и Херцеговина и лиценцирана програма за деца од Disney, произведена во Турција.

http://komet-metlika.si/
http://www.jadran-carapa.hr/
http://www.svilanit.com/
http://www.pletix.hr/hr/
http://www.pounje.hr/
http://www.alma-ras.com/
http://galeb.hr/

Долгогодишниот успех во големопродажбата е резултат на изградената широка мрежа на купувачи и меѓусебната доверба.

Ангротекс на 24.12.2015 година прослави 25 години успех и истрајност и овој повод го користи како почеток за лансирање на брендот за малопродажба: ELVA, со прва локација во Ramstore Mall – Скопје.

Секогаш со вас